More

    31 санкционирани возачи на мотоцикли на подрачјето на СВР Тетово

    spot_img

    Полициски службеници на СВР Тетово на 28.05.2023 од 14.00 до 19.00 часот спровеле акциска контрола на мотоциклисти. При контролата бил санкциониран 31 мотоциклист (ТЕ-22 и ГВ-9). Најголемиот број од нив (19) не користеле заштитен шлем, односно кацига (ТЕ-14, ГВ-5), 9 мотоциклисти (ТЕ-6 и ГВ-3) ги управувале мотоциклите без возачка дозвола, 2 (ТЕ-1 и ГВ-1) имале истечена осигурителна полиса и 1(ТЕ) истечена регистрација.
    На сите им се изготвени поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции кои, зависно од видот и карактерот на констатираните прекршоци, се движат од 45 евра за некористење кацига до 500 евра во денарска противвредност за нерегистриран мотоцикл подолго време, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img