More

    Ќе се потпреме на домашна струја

    spot_img

    Владата во согласност со оперативната програма за 2022-2024 во делот на енергетиката стартува проект за ревитализација на големите хидроелектрани со што ќе ја зајакне македонската енергетска стабилност и независност, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на одбележувањето на 65-годишнината од постоењето на хидроенергетскиот систем „Вруток“.

    Со овој голем проект ќе бидат опфатени хидроелектраните „Вруток“, „Врбен, „Равен“, „Тиквеш“, „Шпилје“, „Глобочица“, „Козјак“ и „Света Петка“, чија инсталирана моќност изнесува околу 85 проценти од моќноста на хидроцентралите во земјава.

    Зборувајќи за хидроенергијата како еден од обновливите извори на енергија, Ковачевски подвлече дека треба да се искористат сопствените ресурси.

    – Освен обновата на машинскиот дел на овие капацитети дополнителна придобивка од проектот е предвиденото зголемување на капацитетот на акумулацијата „Маврово“ што ќе обезбеди пораст на годишното производство за околу 40 гигават часови. Таквото зголемено производство на енергија од вода значи заштеда од 36,4 илјади тони јаглен. Средствата за реализација на овој капитален проект во висина од околу 29 милиони евра, ќе бидат обезбедени од грантови и поволни кредити, како и од средства на ЕСМ – рече Ковачевски.

    Тој зборуваше и за новата фотонапонска електрана „Осломеј“ која ќе произведува чиста домашна енергија за околу 2.800 домаќинства.

    За изградбата на електраната „Чебрен“, премиерот нагласи дека проектот е во втора фаза и има девет понудувачи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img