More

    Собрание: Во постапка е запишување за трајно користење на зградата

    spot_img

    Владата може да ни ја даде зградата на времено или трајно користење, рагираше Собранието по денешните бројни натписи во медиумите дека оваа установа нема имотен лист за зградата, како и за земјиштето под и околу објектот, а истото било евидентирано во финансискиот извештај на Државниот завод за ревизија за 2020 година.

    – Во врска со забелешката каде што СРСМ не е запишано како носител на правото на трајно користење на недвижна ствар – (зградата на СРСМ и земјиштето под и околу зграда) во соодветните имотни листови во АКН информираме дека, согласно член 18 став 1 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Владата на РСМ со одлука може времено или трајно да ги даде на користење, со или без надоместок на државни органи, на правни лица основани од државата, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, здруженија на граѓани и фондации, за што веќе се превземни соодветни активности и во постапка е запишување на правото на трајно користење на зградата и земјиштето под и околку зградата, за што и во ревизорскиот извештај ДЗР дава препорака да се продолжи со веќе отпочнатите активности – велат собраниските служби.

    Оттаму прашуваат доколку е спорно прашањето за имотниот лист, тогаш како е дадена дозвола за надградба, доградба и адаптација на објектот на Собранието во периодот од 2009 до 2016 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img