More

    Славчо Попоски открива кога ќе падне првиот снег во градовите

    spot_img

    Значителна промена на временските услови се најавува уште од денеска попладне кога се очекува во западните предели од Македонија да има врнежи од дожд, вели за Плусинфо метеопрогнозерот Славчо Попоски, кој притоа открива кога во градовите ќе падне првиот снег.

    – Од денеска, облачноста полека ќе се зголемува. Во петок навечер и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота, особено во западните предели ќе има врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен ветер од северен и од североисточен правец. Токму поради ова на западните планини високи над 1.200 метри ќе има повремени врнежи од снег. Таму се очекува да се формира снежна покривка – прогнозира Попоски.

    Тој вели дека од недела следува нов период на стабилно и суво време, но повторно по котлините и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.

    – Температурите до петок ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека за време на викендот ќе бележат тенденција на значителен пад. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервал од 7 до 15 степени. Во Скопје и во околината до петок времето ќе се задржи стабилно и суво, додека ноќта петок кон сабота ќе има услови за повремени врнежи од дожд и ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 17 степени – вели метеопрогнозерот.

    Кога станува збор за првите врнежи на снег во градовите, Попоски ни рече дека сепак тоа нема да се случи, барем не до крајот на овој месец.

    – Според последните анализи кои ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, ниските места (градовите) сигурно нема да ја добијат првата снежна покривка за оваа сезона до крајот на овој месец. Температурите и понатаму ќе продолжат да бидат барем малку над просекот за овој дел од годината – ни рече Попоски.

    Како што посочува тој, ова се случува поради многу активната атмосфера над Атлантскиот Океан. Таму се создаваат моќни циклонски системи во чиј центар воздушниот притисок опаѓа дури и под 965 хектопаскали. Сево ова ја турка топлината од Африка кон европскиот континент и кон Балканот, а со тоа и кон Македонија. Сѐ додека атмосферата над Атлантикот не се смири, кај нас нема да има зима и поголемо заладување.

    – Останува да следиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Се надеваме дека ќе има некоја промена на временската состојба па така и да се надеваме дека до крајот на овој месец ќе го добиеме првиот снег во градовите низ Македонија. Исто така ако не дојде до промена на нумеричките модели, маглата и ниската облачност до крајот на месецов ќе бидат честа појава во регионот, но и кај нас во Македонија – рече Попоски.

    И од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигне брзина и над 60 километри на час. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

    Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

    – В сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините – велат од УХМР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img