More

    Руски агенти работат против договорот со Македонија

    spot_img

    Руски агенти работат против Договорот за добрососедство и подобрувањето на билатералните односи на Бугарија со Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, пренесува бугарската новинска агенција БГНЕС. Тој во изјавата за медиумите посочи дека доста голема „руска дијаспора сочинета од агенти“ која се формирала во Бугарија работат на различни интереси, еден од нив е токму тоа.

    Тој додаде дека рускиот интерес бил фокусиран да нема европска иднина за Западниот Балкан. Петков ваквата изјава ја даде во моментот кога се одбиваше акција на Специјалното обвинителство во Софија во зградата на ДАНС (Државната агенција за национална безбедност).

    – Не знам дали акцијата се однесува на ова прашање, но знам дека имаме неколку такви случаи, што мене ми покажува дека некој се обидува да го промени бугарскиот интерес – изјави Петков.

    Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Северна Македонија и Бугарија да излезе со резултати.

    – Колку што сум информиран, напредокот е огромен. Се радувам, дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси – рече Петков пред новинарите за време на посетата на Благоевград.

    Според него, има неколку клучни аспекти – кога ќе се отворат архивите и говорот на омразата, што сме направиле како механизам против тоа.

    Петков додаде дека е важно што ќе биде ставено во потенцијалната преговарачка рамка, како на пример дали Уставот на Северна Македонија ќе ги вклучува правата на Бугарите и дали ЕУ ќе сака да биде гарант за тоа.

    Бугарскиот премиер исто така оцени дека во моментот Западен Балкан има ризик да биде втора точка на конфликтот, поврзана со војната во Украина.

    – Најлошо е Западен Балкан повторно да е регион со висок ризик на нестабилност – и од политички и од секаков вид аспект – рече Петков.

    Во меѓувреме, премиерот е повикан на 4 април по втор пат во Обвинителството во својство на сведок.

    – Нема од што да се плашам, јас ништо не кријам . Ме повикаа на распит, со задоволство ќе одам – одговори тој на новинарско прашања и праша како е можно за година и пол да нема претходна истражна постапка против Васил Божков, а за само неколку дена да има акција против Асен Василев. Василев е вицепремиер во новата влада на Петков.

    Премиерот додаде дека во Бугарија очигледно има организација, која , како што вели, не може да ја нарече институција, а што работи против интересите на бугарскиот народ, посочувајќи го Обвинителството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img