More

    Планира да го намали бројот на видни членови на кралското семејство

    spot_img

    Принцот Вилијам настојува неговиот веќе јавно отфрлен чичко, војводата од Јорк, принцот Ендрју да биде трајно и целосно отстранет од кралскиот живот и должностите, додека младиот наследник за британскиот престол се подготвува да преземе поголеми одговорности пред можната смрт на неговата 96-годишна баба, кралицата.

    Во низа написи на „Дејли мејл“ во пресрет на 40-от роденден на принцот Вилијам, познатиот „кралски известувач“ Ребека Инглиш цитира извори кои велат дека Вилијам е „на иста страна“ со неговиот татко кога станува збор за намалување на бројот на видни членови на кралското семејство и дека тој не гледа никакво враќање за Ендрју, кој беше обвинет за сексуална злоупотреба на малолетничка и поврзаност со сексуалниот напасник Џефри Епстин.

    Војводата од Јорк, принцот Ендрју (62) е трето дете и втор син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Тој е деветти во низата наследници за британскиот престол.

    „Тој (принцот Вилијам) се чувствува многу решен за ова и ако беше до него, ќе настојуваше работите да се случат многу побрзо отколку што се случуваа“, вели неименуван негов пријател за весникот.

    И друг извор додава дека внукот на кралицата има строги ставови за војводата од Јорк.

    – Тој верува дека неговото настојување во обидот да се држи до јавна улога е многу опасно за институцијата (кралското семејство). Тој, да зависеше од него, одамна ќе го исфрлеше (принцот Ендрју). Тој разбира дека кога се работи за мајка и син, таа состојба е сложена, но искрено мислам дека тој само посакува да исчезне од очите на јавноста – појаснува неименуваниот извор.

    Според наводите, Вилијам е „во жалост“ поради уништената врска со Хари, но „многу е близок со своите братучетки Беатрис и Јуџини“ (ќерките на принцот Ендрју), и смета дека е „многу добро“ што тие имаат „свои семејства и кариери“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img