More

    Од денеска Хрватска е 20 членка на еврозоната

    spot_img

    Хрватска денеска ќе добие дефинитивна потврда за влез во еврозоната и ќе биде познат конечниот курс по кој ќе се заменува куната за евро, изјави хрватскиот министер за финансии Здравко Мариќ.

    – Голем ден за Хрватска, би се осмелил да кажам и историски – рече тој.

    По пристигнувањето на состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (Екофин), на кој ќе донесат три правни акти – одлуката за прифаќање на еврото во Хрватска, потоа измената на уредбата со која Хрватска ќе биде додадена на листата од 19 членки на еврозоната како 20-та членка, како и пропис со кој се утврдува дефинитивната стапка на конверзија на куната во евро. Дефинитивниот курс на конверзија од куни во евра е информација чувствителна на пазарот, па таа ќе остане непозната сè додека одлуката конечно не биде усвоена.

    – Откако ќе се знае конечниот курс, ќе се активираат одредени одредби од хрватскиот закон за еврото, односно тој ќе започне прво со доброволно, а од 5 септември со задолжително двојно прикажување на цените во куни и во евра. Приклучувањето кон еврозоната е добра вест не само за Хрватска, туку и за самата еврозона – изјави министерот Мариќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img