More

    Нема да смеат да им ѕвонат на вработените надвор од работно време

    spot_img

    Работодавецот/шефот не смее да му ѕвони на мобилен телефон на работникот, ниту да му испраќа СМС порака и меил после работно време, во неработни денови и за време на одмор. Ова е предвидено со измените на Законот за труд во второ читање во Хрватска. Според измените, работењето во недела ќе се плаќа 50 отсто повеќе.

    Работникот има право да биде недостапен после работното време или додека е на годишен одмор. Според извори во хрватската Влада, ниту колеги од работа нема да можат да ѕвонат на телефон на други колеги после работно време освен во случај на итна потреба.

    – Итна потреба може да биде ако сте некој водоинсталатер, па пукне некаква цевка или ако некоја итна работа мора да се сработи за вие да дојдете на работа. Тогаш, се разбира, работникот има право на платена прекувремена работа. Вие новинарите исто морате ако нешто се случи да интервенирате, бидејќи тоа е со цел информирање на јавноста, така што тоа ќе се гледа од случај до случај – изјави помошник-министерот за труд на Хрватска, Дражен Опалиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img