More

    Можно е целосно суспендирање на „Северен тек 1“

    spot_img

    Една единица за компресор за гас од системот турбини на „Северен Тек 1“ би можела да го суспендира целиот гасоовод, изјави денеска за РИА Новости рускиот амбасадор во Европската унија. Поправената единица не била навреме вратена на поправка од Канада во Русија, а сега не може да биде испорачана назад во Русија поради западните санкции.

    Како резултат на тоа, сега може да се испумпува само до 100 милиони кубни метри гас преку гасоводот секој ден, или околу 60 отсто од претходно планираниот дневен волумен од 167 милиони кубни метри гас, соопшти компанијата „Газпром“.

    Од компанијата завчера потврдија дека ги ограничиле испораките преку Германија на 100 милиони кубни метри дневно, наведувајќи го како причина доцнењето во враќањето на опремата испратена на поправка. Плусинфо веќе пишуваше дека 60 отсто до гасот за Германија беше сопрен во последните 48 часа.

    Низ Европа расте загриженоста, откако Русија го сопре гасот за неколку земји. За Германија, „Северен тек 1“ е главниот цевковод за снабдување со руски гас. Гасот веќе престана да се испумпува низ гасоводот Јамал-Европа. Значително е намален и транзитот на руски гас низ Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img