More

    МНР вчера соопшти дека покана за присуствуво на државниот погреб на Кралицата Елизабета II доби Претседателот Стево Пендаровски

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, соопшти Кабинетот на претседателот на државата.

    МНР вчера соопшти дека покана за присуствуво на државниот погреб на Кралицата Елизабета II доби Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски заедно со Првата Дама, Елизабета Пендаровска, кои веќе потврдиле присуство. Погребот на Кралицата Елизабета Втора ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон.

    Голем број шефови на држави и влади од целиот свет, како и дел европски кралици и кралеви, се очекува да присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Засега официјално е потврдено дека присутни ќе бидат претседателите на Италија – Серџио Матарела, на Германија – Франк-Валтер Штајнмаер, на САД – Џо Бајден, а според Белата куќа, тој ќе пристигне заедно со сопругата Џил. Веројатно и членови на европски кралски семејства ќе допатуваат во Лондон на погреб, вклучувајќи ги оние од Шпанија, Белгија, Норвешка, Данска, Шведска, Холандија.

    – Достоинствениците до Вестминстерската опатија ќе патуваат со автобуси со придружба. Поради „строгите безбедносни и ограничувања на патиштата, од нив ќе се бара да не доаѓаат со своите приватни државни возила – се наведува во документи објавени од порталот „Политико“.

    Кралицата почина во четвртокот на возраст од 96 години. Принцот Чарлс по смртта на кралицата беше прогласен нов крал на Велика Британија, под името Чарлс Трети.

    Денот на погребот во Обединетото Кралство е прогласен за неработен ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img