More

    Меси: Мбапе е ѕвер, имам посебен однос со Нејмар

    spot_img

    Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, даде интервју за мексиканските медиуми, во кое зборуваше за двајца негови соиграчи од Пари Сен Жермен, Мбапе и Нејмар.

    Пари Сен Жермен одлично влезе во новата сезона, нема пораз во првенството и Лигата на шампионите, но француските медиуми од ден на ден пишуваат за несогласувања во соблекувалната.

    Како главна причина за немирите се наведува Мбапе, неговиот престој во Париз беше главна вест летово, а наводните услови кои ги постави за раководството на парижаните ги шокираа сите.

    Сепак, Меси зборуваше само за Мбапе на теренот.

    „Мбапе е ѕвер. Тој е многу моќен еден на еден, има и издржливост и брзина. Може да постигне многу голови, комплетен играч е и тоа го покажува со години. Воопшто не се сомневам дека ќе биде меѓу најдобрите во следните неколку години“, изјави Меси.

    Аргентинецот истакна дека има посебен однос со Нејмар, не само на теренот, туку и надвор од него:

    „Се знаеме напамет, си поминавме одлично во Барселона, можеби можевме и повеќе, но сега животот повторно не собра. Среќен сум што играм со него, но и слободното време го поминуваме заедно“.

    Лигата на шампионите е главната цел за парижаните.

    „ПСЖ има иста цел во последните две години, сите го знаат тоа, сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Минатата сезона испаднавме од Реал и тоа ми беше многу тешко, одигравме два многу добри натпревари и решија малите детали. Оваа сезона е посебна поради Светското првенство, но тоа не треба да влијае на нас. Тоа е многу тешко натпреварување за победа, не секогаш победува најдобриот. Се подготвуваме за сите предизвици кои можат да ни дојдат до таа цел“, заклучи Меси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img