More

    Медицинскиот кадар во Охридската болница најавува Штрајк по скандалозното назначување на Асен Шајн за ВД директор од страна на Беким Сали!!!

    spot_img

    Пост Велигденски Парастос денес се случуваше во ЈЗУ Општа Болница, прв ден директорски мандат на незаконското решение на Министерот Беким Сали, прв ден нов скандал на новото решение -директор Асен Шајн.

    Денес примопредавањето на функцијата директор на ЈЗУ Општа болница Охрид наликувало на парастос – 40 дена од погреб, но метафорично денеска со ваквото решение на Беким Сали и на одредени лица од СДСМ погребан е здравствениот систем кој изминатите две години успеа да се справи со најголемото зло на 21 век – борбата со Ковид, разрешен еден голем великан од доктор, а неговото место донесен слеп послушник кој треба да ја изигра улогата на здравствен кловн во вработување на нови 17 лица од албанската националност во ЈЗУ Општа болница Охрид кои ќе бидат доведени од други градови, се со цел да се запази некаков си рамномерен национален клуч кој како спогодба го имале постигнато на партијата „Алтернатива“ и СДСМ.

    Денес пред управната зграда во охридската болница во 9 часот беа собрани 80% целиот медицински и помошен медицински кадар кој со аплауз и овации го испратија сега поранешниот директор на болницата д-р Горан Балески, но и јасно му порачаа на ново поставениот партиски директор дека нема да му дозволат да прави фамилијарна и партиска збришина од охридската болница.

    Она што успеавме да го дознаеме е фактот дека медицинскиот персонал во охридската болница ќе се придружи на штрајкот на здравствените работници кои го органзира Здравствен дом Скопје.

    ПРОТИВ ЗАКОНСКО НАЗНАЧУВАЊЕ НА ДИРЕКТОР, УРНИСУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ!!

    Министерот за здравство Беким Сали постапил спротивно Законот за здравство и здравствена заштита на начин што назначил в.д директор на ЈЗУ Општа болница спротивно Законската легислатива.

    Согласно Законот за здравство законодавецот јасно го предвидел следното:

    „Кандидатот мора да има завршено високо образование од областа на медицинските или стоматолошките или фармацевтските работи, високо образование – дипломиран логопет, високо образвование – специјалист по биохемиска лабораторија,  високо образование од областа на економските или правните науки или јавно и здравствен менаџмент или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI А ни во согласно од Националната рамка на високо образовните квалификации.

    Да има миниум 5 години работно искуство во здравствената установа, односно во економијата, финансиите, правото или менаџментот или од систем или организицијата на здравствената заштоита и здравственото осигурување“.

    Скандалот за да биде поголем министерот за здравство Беким Сали свесно знаејќи дека неговиот фаворит за в.д директор на ЈЗУ општа болница Охрид, д-р Асен Шајн не ги исполнува погоре цитираните законски одредби, министерот Сали во своеото решение за в.д дирекотр на Здравсветена установа во Охрид, се повикува на Член 107 од Законот за здравствена заштита и повторно свесно влегува во криминални дејанија со оглед на фактот дека министерот Сали ниту со оовј член ниту по член 107 не можел и не смеел да го назначи лицето Асен Шајн за директор на ЈЗУ општа болница Охрид.

    За да биде појасно во Член 107 јасно е наведено следното:

    • „Дирекор на ЈЗУ се именува врз основа на Јавен конкурс распишан од Управниот одбор на Јавната здравствена установа“.

    Согласно на погоре изнесената квалификација на 107 ЈЗУ Општа болница Охрид нема распишано јавен конкурс, а ниту управниот одбор не донесол одлука за распишување на јавен конкурс.

    „Во став 2 од Член 107 наведено е следното: Директорот на ЈЗУ го именува, односно разрешува министерот за здравство“, во став 2 јасна е улогата на министерот и неговото право, но долколу се запази став 1, кој го изнесовме погоре, но и ако се запази став 3 од член 107 каде што јасно стои: „Министерот за здравство за именувањето односно разрешувањето на директорот на ЈЗУ може да побара јавно мислење од здравствениот совет“, нешто што министерот Беким Сали воопшто не го побарал.

    За да биде до крај криминалната ваква одлука на Сали кој во совоето именување за директор на болница од Член 107, на министерот Сали ова треба да им биде јасно дека овој член од Законот за здравствена заштита се однесува за избор и именување на директор на Здравствена установа по претходен јавен конкурс, а не за именување на вршител на должност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img