More

    Македонија ќе остане вечно пред портите на ЕУ

    spot_img

    Зошто владата нема став за предлогот за Македонија кој беше објавен во медиумите. Вчера во медиумите беше објавен таканаречен предлог каде наводно се вели дека земја членка ќе предложи тргање на ветото за Македонија од Бугарија, а за услов ќе биде обврската бугарските позиции изразени преку бугарската декларација, договорот за добрососедство и барањето за промена на Уставот да станат дел од преговарачката рамка во преговорите со Македонија, прашува Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Досега официјална потврда нема од релевантните извори, додека владата на Македонија молчи. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ на ниту еден начин не е информирана за овој предлог, а владата одамна ги крие преговорите од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваме повикани да потенцираме и апелираме на неколку работи, пред се водени од можните штети и катастрофалните последици кои може да се случат. Прифаќањето на таканаречениот предлог значи бугаризација на Македонија и сето тоа да стане дел од преговарачката рамка и услов на кој мора Македонија да се согласи за да стане членка на ЕУ.

    Томовски потенцира дека прифаќањето на предлогот ќе значи или ќе прифатиме бугаризација на државата или нема да се исполни условот, а Македонија би останала вечно пред портите на ЕУ.

    – Воедно не ја исклучуваме можноста овој предлог да биде искористен како маша на противниците на идејата за Европската Унија, и воедно да се влијае на создавање на евроскептицизам. Главното прашање после ваквиот нокаут за дипломатијата на Ковачевски и Османи е што правеа додека се пишуваше таканаречениот предлог? Зошто молчат и кој е нивниот став за оваа катастрофа. Ковачевски се смешкаше на провокацијата дека сме Западна Бугарија, а денес молчи за таканаречениот предлог – порача Томовски.

    Тој додава дека предлогот е пораз за дипломатијата и пораз за Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img