More

    Комисијата препорача укинување на сите рестрикции

    spot_img

    Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорачала укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

    Воедно, како што наведуваат од Министерството за здравство, комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

    Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. Комисијата за заразни болести, како што се посочува, на дневна основа ја следи состојбата со ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.

    Владата на 19 април ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести да биде укината обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19 за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава. Исто така се укинува и обврската за поседување на негативни ПЦР и антиген тестови при влез во Северна Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img