More

    Западот не прифаќа исплаќање долгови во рубљи

    spot_img

    Рокот за исплаќање на странските долгови кон Западот, односно за евробврзница од 100 милиони евра истекува денеска. Русија не ги исполни своите странски суверени обврзници за прв пат по комунистичката револуција од 1917 година, бидејќи големите санкции ефективно ја отсекоа земјата од глобалниот финансиски систем и ги направија нејзините средства недопирливи за многу инвеститори, пишува Ројтерс.

    Американски официјален претставник рече дека неисполнувањето на обврските покажува колку драматично санкциите влијаат врз руската економија. Блумберг го нарече овој „дефолт“, „мрачен белег за брзата трансформација на земјата во економски, финансиски и политички отпадник“, додека Би-Би-Си го нарече „голем удар за престижот на нацијата“.

    Волстрит журнал дури се повика на сеништето на „Болшевичката револуција кога Владимир Ленин, новопоставениот комунистички лидер, го отфрли долгот на Руската империја“.

    Што понатаму? Самите иматели на обврзници допрва треба да прогласат неисполнување на обврските или да започнат каква било постапка. Некои медиуми пишуваат дека етикетата „во долгови“ е „засега главно симболична“, додека ситуацијата „се очекува да постави правни предизвици“, бидејќи „Русија има пари и има намера да плати“.

    Русија плати други две еврообврзници кои доспеваат во 2027 година, но во рубљи. Ова за Западот е неприфатливо. Средствата од 12,51 милијарди рубљи Европа нема да може да ги добие, освен ако не отвори сметка во рубљи.

    Претседателот Владимир Путин во средата потпиша указ за оваа привремена процедура за исплата на еврообврзницата. Во документот се наведува дека Москва сега ќе ги смета за завршени своите обврски „доколку тие се исполнети во рубљи во износ еквивалентен на вредноста на обврските во странска валута“ по девизниот курс на денот кога средствата се префрлаат во централниот депозитар (НСД) преку кој ќе им бидат исплатени на доверителите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img