More

    ЕКСКЛУЗИВНО : СДСМ и ДУИ во цајтунг за договор за ново мнозинство, ВМРО ДПМНЕ готви Интерпелација на владата во собрание, кој ќе биде побрз?!

    spot_img

    Владината коалиција, предводена од СДСМ и ДУИ, синоќа ѝ доставила на Алијанса на Албанците две понуди за влегување во владината коалиција, тврди порталот Тетовасот повикувајќи се на извори во таа партија.Оваа вест поитаа да ја објават и некои други портали кој перманентно изминатиот период застанаа во отворена поддршка на премиерот Димитар Ковачевски , но и во 24 часовна заштита на Сашо Мијалков.

    Многу верзии,мал пазар!

    Колку и да се трудат да постанат ексклузивци одредени портали, Охридскај прв обзнани за соработката на Алијанса на Албанците со СДСМ.Доколку првично се калкулираше со Министертвото за здравство,сега поделбата на колачот помеѓу новата коалиција е сосема поинаква,секој парципиент во власта мора да зртвува по еден ресор.

    Курбан заминува министерот за правда Тупанчески!

    Моменталната состојба во макеоднскиот парламент воопшто не е пријатна за владеечкото мнозинство и таа моментално реално е пата пата 60 : 60,доколку се одземе бројката на „Огнени“ пртаеници од редовите на ДУИ.Но има и додатна енигма што им смета на тандемот Ковачевски & Aхмети,а тоа се пратениците Трајанов и Морачанин ,кој никој нема конкретна дефиниција на која страна тие можат да преминат во одреден момент.Она што на големо се молчи во СДСМ е фактот дека има 4 крила , но и еден министер кој во секое време контролира 10 пратеници и, тој ги има картите во свој раце во екое време.

    Охридскај е поворно ексклузивно обзнанува кој е договорот.СДСМ го дава министертвото за правда од кое ќе замине Тупанлевски, во корист на Алијанса на Албаниците.Беким Сали останува на чело на минситерството за здравство, поточно Алтернатива доколку и се одземе ресорот Здарвство најавувала заминување од владиното мнозинство,а тоа го поткрепувале дека Беким Сали имал одобрени проекти и пари за изградба на Клинички центар во Чаир , нешто што било ветено на албанските гласачи!!

    Адмир Алити заминува од Министерство за Информатичко Општество и Администрација,а според нашите извори треба да замине и Насер Нуредини Министер за животна средина и просторно планирање,на овие места треба да дојдат кадри на Алијанса на Албанците.

    Освен тоа, Алијанса на Албанците барака и тројца заменици министри, како и директорски места во Фондот за пензиско осигурување, Македонска пошта, ЈП за водење матични книги, Македонски железницата, но ја барало и Управата за јавни прихди и Фондот за здравство…

    Новата коалиција треба да се обзнани на почеток на месец Февруари,но според некои информации на Охридскај ВМРО ДПМНЕ веќе спрема гласање на интерпелација на влада во Собранието на РСМ исто така за почетокот на февруари.

    С.Д.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img