More

    ВМРО-ДПМНЕ: Новиот трансформатор за третиот блок во РЕК Битола ќе доцни со испораката поради транспортни проблеми, а генераторот во ТЕЦ Неготино е во дефект

    spot_img

    Новиот трансформатор за третиот блок во РЕК Битола ќе доцни со испораката поради транспортни проблеми, а генераторот во ТЕЦ Неготино е во дефект, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.

    Партијата објаснува дека АД ЕЛЕМ склучило договор за поправка на оштетениот трансформатор во РЕК Битола со ЦОМЕЛ од Србија. Исто така, на 28 јули 2022 година, склучило договор за нов трансформатор за третиот блок во РЕК, Битола, кој, според склучениот договор, требало да биде монтиран и ставен во погон најдоцна до 15 ноември.

    „И еве, 15 ноември 2022 година дојде, но трансформаторот не дојде. Сега е целосно нејасно кога и дали блокот 3 во РЕК Битола ќе биде во погон, или ќе го чека другиот трансформатор кој е на поправка во Србија. Дали ќе се наплатат пенали за доцнење и неисполнување на договорните термини?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

    За новиот трансформатор се склучи договор со трговска компанија Actael N Ltd од Бугарија. Од интернет може да се најдат информации дека оваа компанија е основана на 28 јуни 2018 година, со капитал од 5.000 лева, како друштво со ограничена одговорност од едно лице, а во 2019 година има само 5 вработени и вкупен обрт од 219.000 лева. Во основната дејност стои дека е купување-продажба на стоки и друга опрема во обработен и/или необработен вид.

    Компанија Actael N Ltd нарачала трансформатор во фабриката ASTOR Energi Ankara – од Турција. Трансформаторот ќе бил произведен, транспортиран, монтиран и ставен во погон во експресно краток рок од 110 дена од денот на потпишување на договорот. Вака краток рок на производство на сосема нов енергетски трансформатор со преносен однос на напонот 425/15,75 кВ (засега моќноста не е позната) практично не е можно да се реализира.

    „Се наметнува прашањето дали се работи за нов трансформатор, или е некој стар користен и сега само се прави некоја ревизија во турската фабрика? Затоа е неопходно директорот на АД ЕЛЕМ да излезе и јавно да каже дали се работи за комплетно нов трансформатор произведен во фабриката, или само се репарира и префарбува некој стар и користен? Секако треба да ја образложи и цената која е енормно висока и изнесува 5.450.000 евра без ДДВ, склучена со бугарска компанија Actael N Ltd“, се вели во партриското соопштение.

    „Сега се најавува проблем со транспортот на трансформаторот бидејќи бил многу голем и тежок. Меѓутоа, ако е трансформаторот ист како постојните во РЕК Битола, кои се транспортираа за поправка до Белград, Србија, зошто овој нарачан од бугарската компанија има проблем со транспортот? Ниту трансформаторот кој е на поправка е поправен, ниту новиот трансформатор е пристигнат“, вели партијата.

    Информативно, за споредба, треба да се земе предвид дека во МЕПСО пред две години се набави комплетно нов енергетски трофазен автотрансформатор 400/110/(10,5) кВ, 300/300/(100) МВА. Цената на овој нов трансформатор изнесува 2.393.000 евра без ДДВ. Како ќе се објасни разликата од 3.057.000 евра без ДДВ? Или со ДВВ, 3.607.260 евра?

    Дополнително, генераторот во ТЕЦ Неготино е во дефект и сега набрзина се поправа, со некои ангажмани кои не се објавени на Бирото за јавни набавки, што упатува дека е тоа со омилената метода со директно преговарање без јавна објава, тврди ВМРО-ДПМНЕ и додава:

    „Ова е вистинската состојба во енергетиката. Карактеристика на работата на оваа власт предводена од ДУИ и СДСМ е само добар ПР маректинг и лаги, а во суштина имаме одлевање на милиони евра за увоз на електрична енергија со пари од Буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија“.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img