More

    ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата ги јаде платите, тоа што лани можело да се купи за 18.000, сега треба со 19.200 денари

    spot_img

    Инфлацијата ги јаде платите, тоа што лани можело да се купи за 18.000, сега треба со 19.200 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според партијата со стапка на инфлација од  6,7 отсто сериозно ги нагризуваат сите плати.

    – Секој работник во Македонија има по минимум 1.000 денари помалку како резултат на инфлацијата сега, во однос на пред една година. Поради инфлацијата, 18.000 денари плата денес, е како 16.800 денари плата лани – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму додаваат дека таргет на инфлацијата се сите подеднакво, и помалите и повисоките примања.

    – Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор, а СДСМ одби. Приказните на СДСМ за повисоки плати се лаги, и таканаречената минимална плата е речиси нагризана од инфлацијата, и се што имаме е само порамнување, а не покачување.Потребни се итни и суштински мерки. СДСМ покажа дека не може да ги спроведе – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img