More

    Бугарското МНР ги коментира позитивните и негативните страни на францускиот документ

    spot_img

    „Пред 6 месеци Софија не можеше ни да сонува за толку добар предлог“.

    Вака го оценило бугарското МНР францускиот предлог на 23 јуни годинва, кога министерката за надворешни работи Теодора Генчовска требаше да им го претстави истиот на бугарските пратеници, пишува Дојче Веле. Според извештајот на Генчовска, бугарското МНР е незадоволно од тоа што во Преговарачката рамка е наведен „чист македонски јазик“. Генчовска изразува загриженост Македонија да на ја наруши „првобитната согласност“ за прифаќање на Протоколите, за кои се тврди дека биле усогласени на 4 и 5 јуни во Скопје заедно со нејзиниот колега, Бујар Османи.

    Излагањето на Генчовска на 23 јуни пред пратениците беше прекинато за ден подоцна францускиот предлог да биде експресно изгласан. Мнозинството пратеници одлучиле дека нема потреба да се разговара за предлогот.

    Меѓу клучните точки во Извештајот е онаа за фамозните Протоколи кои, македонските власти, сѐ уште одбиваат да ѝ ги покажат на домашната јавност, тврди Дојче Веле. Протоколите се носат согласно членот 12 од Договорот за добрососедство, кој пак сега се наведува и во Преговарачката рамка, во новата, ублажена верзија на францускиот предлог, за разлика од претходната во која имаше директна референца кон Протоколот.

    Она што можеби изненадува во заклучоците на бугарското МНР е дека се вели оти Договорот за добрососедство и Протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата.

    Предностите за Бугарија, доколку Скопје го прифати предлогот се анализираат на следниот начин:

    – „По одржувањето на првата политичка Меѓувладина конференција на РСМ и првата Меѓувладина конференција на Албанија за почеток на преговори, патот на двете земји кон нивното членство во ЕУ практично се разделува. Ќе биде тешко да се поткрепат обвинувањата против нашата земја дека поради блокадата на Северна Македонија се стопираат европските интеграции на целиот Западен Балкан. Тоа значително ќе го ослаби надворешниот притисок врз нашата земја и ќе ја зајакне позицијата на Бугарија во однос на Скопје.”

    Доколку во Скопје помине францускиот предлог, планот на официјална Софија натаму изгледа вака:

    „Целокупниот концепт на МНР е дека оттука натаму Бугарија ќе мора директно и активно да се вклучи во процесот на пристапување на Скопје во ЕУ, за да ги искористи алатките што ги создадовме за позитивно влијание врз однесувањето на Северна Македонија и јавноста во таа земја кон Бугарија. За таа цел, крајно неопходно е  извршната власт да ја исполни точката 4 од заклучоците на КСНС (Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот Румен Радев, н.з.) одржана на 10 јануари 2022 година, имено „да подготви и обезбеди кадровски и финансиски акциски план со мерки за постигнување опиплив напредок во сите области на билатералните односи со Република Северна Македонија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img