More

    На глас го прочита упатството што некој му го дал

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден не престанува да изненадува со своите бисери. Читајќи го својот вчерашен говор тој направи нов гаф, јавува Мондо. Наместо говорот, тој го прочита упатство што некој му го напишал на крајот од листот, а кое гласи, „Крај на цитатот, повторете ја реченицата“. Бајден претходно имаше гаф каде пред камерите покажа цел лист со упатствата кои некој му ги дава, но сега упатството прозвучи во воздухот.

     

     

    Колегите на претседателот кои стоеја зад него беа на работ да „пукнат од смеење“.

    Бајден во петокот наутро потпиша извршна наредба со која го насочува американскиот здравствен систем да го прошири пристапот до апчиња за абортус, да го зајакне спроведувањето на програмата за контрола на раѓањето Обамакер и да обезбеди про боно адвокати кои ќе помогнат во одбраната на луѓето кои се кривично обвинети дека побарале или обезбедуваат процедура за абортус.

    Бајден побара од администрацијата да истражи многу од овие процедури. Претседателот, сепак, истакна дека ниту една од процедурите нема целосно да ги врати правата за абортус на десетици милиони луѓе кои неодамна ги загубија и рече дека решението е во гласањето што ќе се одржи во ноември.

    Бајден, заедно со потпретседателката Камала Харис и секретарот Ксавиер Бесер, од кои никој не говореше, предвиде дека бесот поради губењето на пристапот за абортус ќе ги мотивира жените во САД да излезат во „рекорден број“ на идните избори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img