More

    Бугарското МНР врачи протестна нота

    spot_img

    Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на македонскиот в.д. амбасадор во Софија Владимир Крстевски по повод палењето на влезот на центарот за култура „Иван Михајлов“ во Битола.

    На вонреден состанок, заменик министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова изразила загриженост до в.д. амбасадорот на Северна Македонија Крстевски и најостро го осудила чинот извршен од непознати лица, поради што е нанесена материјална штета на објектот.

    Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не само што се израз на национална омраза и нетолеранција кон активностите на невладините организации како важен дел од граѓанското општество, туку се и во сериозен судир со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европско општество.систем.

    „Знак за демонстративното и неиспровоцирано криминално дело на сторителите на подметнувањето пожар е и тоа што пред само неколку недели на отворањето на осквернавената зграда на Центарот за култура присуствуваа официјални лица од Бугарија“, се наведува во протестната нота.

    Бугарскиот премиер Кирил Петков најостро го осуди палењето на влезот на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола и нагласи дека станува збор за провокација и за дестабилизација на односите меѓу Скопје и Софија.

    Тој му се заблагодари на премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски за брзиот одговор и нагласи дека очекува од македонските надлежни служби да ги бара и казни сторителите на овој, како што го нарече, вандалски чин.

    Петков рече дека бугарската Влада ќе продолжи да работи на заштита на правата на бугарската заедница во Северна Македонија и на поддршката на нејзините активности.

    Иднината на регионот, дополни Петков, не треба да биде заложник на обидите за дестабилизација на злонамерните маргинални групи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img