More

    Бугарските историчари прогласија прва победа

    spot_img

    Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во историските спорови со Северна Македонија стигна до прва победа, соопшти бугарскиот Национален круг „За Македонија“, платформа во која членуваат бугарски професори, историчари и лингвисти.

    Оценката следуваше откако министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија вчера ги објавија усогласените препораки на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

    Како што е познато, станува збор за две групи препораки – за заедничко чествување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија.

    Овие препораки триумфалистички се поздравени од Националниот круг „За Македонија“, со изјава која ја пренесоа бугарски медиуми.

    „Победа за бугарската историска наука! Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во однос на историските спорови со Северна Македонија стигна до првата победа! Колегите во Скопје официјално го признаа очигледното, што и тие го знаеја всушност многу добро. Цар Самоил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот-покрстител Борис-Михаил го шират нивниот збор низ Бугарското царство, Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Сето тоа треба да биде запишано во учебниците на децата во РСМ“, се вели во изјавата на „Националниот круг за Македонија“.

    По објавувањето на усогласените препораки, бугарското Министерство за надворешни работи преку соопштение ја охрабри заедничката Комисија за историски и образовни прашања поинтензивно да продолжи со напорите, со цел да ги заврши нејзините работи за сите периоди од заедничката историја.

    „Објавувањето на предлозите за 2019 година одобрени од владите е важен чекор кон запознавањето на јавноста во двете земји со резултатите од работата на Комисијата. Така се создава потребната основа за да се пристапи кон практично реализирање на другото договорено од Протоколот со чл. 12 од јули 2022 година – усогласување на календар за заеднички чествувања за периодот 2022-2023 година за петте заеднички историски личности. МНР се заблагодарува за досегашната активност на заедничката Комисија за историски и образовни прашања и ја охрабрува поинтензивно да продолжи со своите напори, со цел завршување на работата за сите периоди од заедничката историја, согласно со чл. 8 ст. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка”, се вели во соопштението на бугарското МНР.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img