More

    Полицијата ги занемарила надзорните камери на околните објекти?

    spot_img

    Вук Бориловиќ, масовниот убиец од Цетиње, не поставил камери во неговата куќа, како што претходно се мислеше. Ова го откри црногорската полиција при претрес во неговата куќа, каде беа најдени 4.200 евра и осум куршуми за ловечка пушка, потврдиле од управата за порталот Вијести. Сепак, од полициската управа изјавиле дека досега не ги зеле предвид снимките од надзорните камери на неколкуте згради во близина.

    „Поточно, камерите не се пронајдени. Од неколку локации полицијата не ги земала предвид снимките за кои се верува дека даваат информации за споменатиот настан“, велат од полициската управа.

    Фото: Twiter, nova.rs

    Куќата на Бориловиќ, како што беше најавено, е претресена по наредба на судијата задолжен за истрагата. Триесет и четиригодишниот цетињец е застрелан откако претходно уби десет соседи, меѓу кои две деца, а други шестмина од нив тешко ранил. Бориловиќ наводно бил застрелан неговиот сосед Калоѓеровиќ според тврдењата на надлежниот обвинител на Вишото државно обвинителство од Подгорица.

    Вечра Калоѓеровиќ беше на распит, а во јавноста се шири мислењето дека тој не треба да одговара бидејќи пукал во самоодбрана и со тоа спречил понатамошен масакр. Една од работите кои ќе треба да ги утврди полицијата е дали Бориловиќ бил усмртен со куршум од Калогеровиќ или од полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img