More

    Докторот уверува дека повредените од несреќата во Бугарија не се во животна опасност

    spot_img

    Кај најмалку две од 12-те повредени деца биле извршени операции, а кај едното од нив досега се извршени четири интервенции, информираше лекарот на болницата „Пирогов“ во Бугарија, Валети Дмитров на утринска пресконференција. Тој вели дека децата се чувстуваат добро, што е најважно, но одби да открие детали за операциите бидејќи тоа не е етички.

    – Нашиот став е да не кажуваме кои деца се вклучени за да бидеме што е можно попрофесионално. Едно дете синоќа имаше уште една операција, а дали ќе биде потребна уште една ќе разговараме. Децата се чувствуваат добро и тоа е најважно. Операциите беа успешно завршени. Тие не се во животна опасност, но во моментов престојуваат во Софија. Најважно е дека се добро и дека се стабилни – изјави Дмитров, пренесува Нова.

    На прашањето дали може да објасни за какви операции станува збор, тој нагласи дека поради етиката не може да го каже тоа, но повтори дека имало четири интервенции.

    фото: твитер/принтскрин

    – Не можам да кажам што оперираа, но можам да кажам дека едно дете вчера имаше четири операции и потенцијално повеќе. Тоа дете се чувствува добро, но потребно било да се направат интервенции. За жал, не можам да ви дадам повеќе информации – рече тој.

    Што се однесува до состојбата на второто дете, моментално е на одделението за интензивна нега во „Пирогов“, но досега немало никаква операција.

    Останатите повредени деца во понеделникот вечерта се пренесени во Универзитетската детска болница во Тиршова и се во стабилна состојба.

    Несреќата се случила на 14 август нешто по 20 часот на автопатот Тракија во Бугарија. Според последните информации, повредени се 14 лица, меѓу кои 12 деца и двајца возрасни. Децата во моментот на несреќата се враќале од фолклорен фестивал.

    Возачот Д.К. кој управувал со автобусот кој се превртел во Бугарија е приведен и ќе одговара по соодветна пријава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img