More

    Британскиот милијардер Џим Ретклиф сака да го купи Манчестер Јунајтед

    spot_img

    Британскиот милијардер Џим Ретклиф сака да го купи Манчестер Јунајтед, изјави неговиот портпарол за лондонскиот весник „Тајмс“.

    Неговиот интерес за купување на еден од најтрофејните англиски клубови дојде откако иста намера ја искажа и најбогатиот човек на светот Илон Маск, а потоа во порака на Твитер објасни дека тоа било само шега и дека нема намера за инвестирање во кој било спортски клуб.

    Американското семејство Глејзер, кое е мнозински сопственик на Манчестер Јунајтед, се најде под притисок на јавноста, бидејќи клубот имаше очаен старт на новата сезона и по две одиграни кола е на последното место во Премиер лигата без ниту еден бод.

    Блумберг објави дека Глејзерс се подготвени да продадат малцински удел, што би ја отворило вратата за Ретклиф да се приклучи на сопственичката структура на клубот.

    „Ако клубот е на продажба, Џим е секако потенцијален купувач. Ако тоа е можно, ние сме заинтересирани да разговараме за долгорочна сопственост“, рече портпаролот на Ретклиф.

    Глејзерси беа под интензивни критики затоа што не инвестираа во тимот или стадионот на Олд Трафорд. Манчестер Јунајтед е без трофеј веќе пет години, а долгот на клубот пораснал за 11% на околу 496 милиони фунти.

    Ретклиф, кој ја предводи хемиската компанија ИНЕОС, е роден во Манчестер и долгогодишен поддржувач на клубот.

    „Не се работи за тоа дали некој потрошил пари или не. „Џим е заинтересиран за тоа што може да се направи веднаш и знаејќи колку клубот е важен за градот, тој верува дека ова е вистинско време за ресетирање“, додаде портпаролот на милијардерот.

    Ретклиф беше еден од можните купувачи на лондонски Челзи, откако фондот на Роман Абрамович беше принуден да го продаде, но клубот заврши во рацете на инвестициската група предводена од Тод Боли и Клирлејк Капитал.

    Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на шестото место и ја пропушти Лигата на шампионите. Како главен тренер во клубот беше доведен Ерик тен Хаг од Ајакс, но Холанѓанецот лошо ја започна својата ера на клупата, со два порази и шест примени гола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img