More

    Бислимовски се жали на малверзации на некои општини

    spot_img

    Дали ќе поскапи струјата за нови 10 проценти поради малверзации на дел од општините?

    Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски објасни дека за да ги скусат трошоците за електрична енергија, некои општини формирале јавни претпријатија преку кои обезбедувале струја за јавно осветлување по цена за домаќинства и за само четири месеци, оптоварувајќи го системот, на ЕВН им направиле долг од 30 милиони евра. Регулаторна сега бара начин како овој трошок да не падне на товар на граѓаните.
    – Измислуваат разно-разни финти за да се вратат на регулиран пазар и поради тоа само за првите 4 месеци имаме трошок од 30 милиони евра што би значело 10% зголемување на цената на струјата. Тој трошок РКЕ сега ќе го префрли назад на општините и ниту на крај на памет не ми е, тој товар да го преземе РКЕ – изјави Бислимовски и додаде дека очекува наскоро да се објави за кои општини станува збор.

    Во меѓувреме Регулаторна го крои новиот тарифник со кој цената на струјата во скапа тарифа ќе зависи од потрошувачката. Се разгледува опцијата над 250 киловати потрошена струја на граѓаните да им се тарифира по повисока цена.

    – Некаде очекувањата се да се движиме од 150 до 250 киловат часови првиот блок само за скапа тарифа, па потоа од 250 до кај 300, 400, па 400 до 500, во тие се последни анализи, бидејќи правиме анализи на постоечката одлука и ги распределуваме блоковите во насока да има што е можно поголемо олеснување кај домаќинствата – додаде Бислимовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img