More

    Бил Гејтс, милијардерот ко-основач на Мајкрософт, вети дека ќе подари толку многу пари за филантропски цели што на крајот ќе биде „симнат“ од списокот на најбогати луѓе во светот

    spot_img

    Бил Гејтс, милијардерот ко-основач на Мајкрософт, вети дека ќе подари толку многу пари за филантропски цели што на крајот ќе биде „симнат“ од списокот на најбогати луѓе во светот. Ако знаеме дека Гејтс има нето богатство од над 100 милијарди долари и е петти најбогат човек на Земјата, тоа се пеколно многу пари, пишува ИФЛ Наука.

    „Додека гледам кон иднината, планирам да го дадам буквално целото мое богатство на фондацијата. Ќе се симнам (на списокот) и на крајот ќе излезам од листата на најбогати луѓе во светот“, напиша Гејтс на Твитер во средата.

    Храбрата објава дојде кога Гејтс вети дека ќе направи донација од 20 милијарди долари во филантропскиот фонд што го основа со неговата сега веќе поранешна сопруга Мелинда, Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“. Фондацијата има вмешано прсти во многу манџи, но тие велат дека нејзините основни цели се да го подобри глобалното здравје и да ја намали екстремната сиромаштија ширум светот.
    Иако фондот ги носи имињата на поранешните партнери, Гејтс објаснува дека околу половина од неговите ресурси всушност доаѓаат од Ворен Бафет, осмата најбогата личност во светот.

    Во придружниот блог-пост, Гејтс допиша дека добротворната фондација има за цел да троши 9 милијарди долари годишно до 2026 година. Ќе се трошат пари и за решавање на руската окупација на Украина, политичката поделеност во САД и климатските промени.

    „Наспроти сите овие нешта, пандемијата (со ковид-19 останува) еден од најголемите неуспеси во историјата (на човештвото)“, напиша Гејтс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img