More

    Разрешениот директор на ЗОО Скопје демантира дека е „убиец на животни“

    spot_img

    Разрешениот директор на ЗОО Скопје, кој заедно со петмина вработени се обвинети дека во заклале 12 коњи и една мазга за да ги нахранат лавовите се јави со своја реакција на настаните. Тој демантира дека е „убиец на животни“, а нагласува дека како редовна пракса за храна да се користат изнемоштени и инфицирани животни во консултација со стручни лица тоа го правеле и неговите претходници, но и дека така се постапува во многу зоолошки градини во светот, во Хамбург, Љубљана, Загреб, Дрезден…

    – Во Зоолошката градина работам повеќе од 12 години како самостоен зоо-негувател, остро ги демантирам наводите во јавноста дека сум некаков „убиец“ на животни како и лажните информации за наводните мои изјaви – вели Кристијан Стаменов, пренесе Нова Македонија.

    МВР денеска соопшти дека обвинетите биле фатени како го спремаат месото во помошните простории на Зоолошката градина. Стаменов објаснува дека „економското искористување“ на животни кои се ранети, неизлечиви и инфицирани, како во случајов коњите, во консултација со стручни лица е пракса која постои 20 години.

    – Со Одлука за отстапување на стока од 11 јули 2022 година од Управата за извршување на санкциите КПУ – Идризово Скопје според Решение за отстапување на стока од Агенцијата за управување со одземен имот од 8 јуни годинава и Решение за отстапување на стока од 31 мај годинава се отстапија вкупно 12 коњи од КПУ Идризово во Зоолошката градина, поради немање на соодветни услови за нивно чување. Овие животни биле претходно запленети од дрвокрадци, шверцери на наркотични средства итн. Според важечка одлука на Управниот одбор на Зоолошката градина Скопје од кoj последните 20 години или откако постои оваа установа се врши таканаречено „економско искористување“ на животни кои во консултација со стручните лица од Зоолошката градина се во состојба пред умирање, болни, со видливи неизлечиви рани, инфекции и крајно изнемоштени животни кои не можат да бидат рехабилитирани. Наспроти сите јавни пишувања на поединци морам да истакна дека ова не е прв случај, вакви случаи во минатото се бројни и лично сум учествувал како зоо-негувател во ваква постапка и во времето на претходниот директор на Зоолошката градина. Крајно лицемерна е осудата која доаѓа кон мене токму од истите лица кои ова економско искористување го имаат и самите правено и тоа не само на коњи, туку и на останати животни. Пример за тоа е жирафата која е дадена како храна за лавовите – вели директорот Стаменов.

    За разлика од претходните години сега над животните кои не можат да се спасат или боледуваат, вели тој, се спроведува хуман третман.

    – Можеби во јавноста овие теми не се популарни, но предметите на јавни набавки за месо кои ги спроведуваат сите зоолошки градини во светот доаѓаат дури и од здрави животни. Во Хамбург, Љубљана, Загреб, Дрезден и многу други европски метрополи спроведуваат ваков вид на хуман третман на болни животни, кои се во опасност од умирање – објаснува Стаменов и додава:

    – Сакам изрично да одговорам на сите напади. Никогаш ниту сум имал намера ниту сум помислил да мачам изнемоштувам или убивам животни. Како зоонегувател сум посветил над 12 години од мојот живот само на заштита на животните – вели Стаменoв.

    Месото од закланите коњи во Зоолошка, дадени на чување од затворот Идризово, сега ќе заврши на Дрисла.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img