More

    Американскиот претседател беше фатен во нов „гаф“

    spot_img

    Американскиот претседател беше фатен во нов „гаф“. Овојпат, тој пред камерите по грешка покажал мал лист, картичка на која биле напишани инструкции за тоа што тој треба да прави на одредена средба. Се работи за неодамнешен состанок во Белата куќа, пишува Б92.

    Инструкциите на американскиот претседател започнуваат со „Вие“. Меѓу другото во нив стои: „Вие седнувате на своето место“, „Кратко коментирате“, „Заминувате“…

     

     

    Бајден веќе бил влезен во Белата куќа и седејќи во собата на Рузвелт ја подигнал картичката. Таа почнува со: „Вие влегувате во собата на Рузвелт и ги поздравувате учесниците“ и „Седите на вашето место“.

    Понатаму пишува: „Доаѓаат новинарите“, „Вие коментирате накратко (2 минути)“, „Новинарите си заминуваат“, „Ја прашувате Лиз Шулер (Лиз виртуелно се вклучува)“ и „Им заблагодарувате на учесниците“.

    На крајот, кратко пишува – „Вие си заминувате“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img