More

    Продавал марихуана за 300 до 500, а кокаин за 2.500 денари

    spot_img

    Триесетгодишен уличен дилер кој продавал марихуана за 300 до 500 денари од пакување и коаин за 2.500, вчера беше уаспен од скопската полиција. А.К. е од Прилеп, но со живеалиште во Скопје. СВР Скопје објави видео од апсењето и претресот на неговиот дом.

    Еве што соопштија од СВР Скопје:

    „На 03.07.2022 полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје.

    По спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција во координација на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги.

    Имено, А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2.500 денари за пакување кокаин.

    На 03.07.2022 по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

    Во текот на денешниот ден (04.07.2022) од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по чл. 215 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img