More

    Принцот Алберт од Монако ќе плати висока цена за да не се разведе

    spot_img

    Принцот Алберт од Монако потпишал доверлива спогодба во која тој се согласува да ѝ плаќа на сопругата, принцезата Шарлин, милиони евра, за таа да ги исполни своите кралски должности, и да се избегне развод, јавуваат француските медиуми.

    Истакнатиот познавач на кралското семејство, Стефан Берн, смета дека здравјето на Шарлин често се користи за прикривање на проблемите меѓу неа и Алберт (64). Нејзиното враќање во јавноста следеше по долго боледување и престој во родната Јужна Африка, а потоа и неколкумесечното лекување во Швајцарија.

    Гласините говорат дека „принцезата не се вратила за мала цена“, а нејзиниот 20 години повозрасен сопруг морал да потпише „ултра-доверлив договор”, што ќе го чини речиси 12 милиони евра годишно, објави списанието „Воиси“.

    Настаните на кои Шарлин, наводно, треба да се појави, засега се „Големата награда на Монако“ на Формула 1 и добротворниот бал „Ру“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img