More

    Битките се жестоки, жителите да не брзаат назад кон домовите

    spot_img

    Украинците успеале да ги истуркаат Русите од северниот дел на градот и да заземат неколку села, јавува Би-Би-Си.  Според регионалниот гувернер Олег Синегубов, се водат „жестоки битки“. Тој информираше дека Русите заминувајќи зад себе оставиле „стапици“ и ги повика жителите да останат во засолништата и „да не брзаат кон ослободените населби“.

    „Непријателот е подмолен и прави сè за да повреди што е можно повеќе цивили меѓу Украинците“, објави тој преку Телеграм.

     

    Синегубов додаде дека благодарение на успешните офанзивни операции на украинските сили, неколку блиски градови се ослободени.

    Регионалното обвинителство во Харков соопшти дека најмалку четири лица загинале кога конвој од 15 автомобили се обидел да се евакуира во близина на селото Стари Салтив.

    Припадник на украинската армија, познат по прекарот „Шпанец“, изјави дека конвојот најверојатно бил погоден од „автоматски пиштол“ и дека еден автомобил бил погоден од топ од „тенк или борбено возило на пешадија“.

    На само еден километар од конвојот, руски тенк беше уништен од фрлачи на гранати што ги користеа украинските војници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img