More

    ВМРО-ДПМНЕ: Од денес горивата ќе беа поевтини и до 25 денари, доколку СДСМ не го одбиеше нашиот предлог за намалување на акцизата и ДДВ

    spot_img

    Од денес горивата ќе беа поевтини и до 25 денари, доколку СДСМ не го одбиеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата и ДДВ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Во цената на безоловниот бензин 95, акцизата учествува со 22 денари, а ДДВ со 16.78 денари, со тоа цената на истиот сега е 110 денари. Доколку СДСМ го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ тој од утре ќе се продаваше за 86.3 денари. Односно скоро 24 денари поевтино. Безоловниот бензин 98 денеска се продава по цена од 112 денари, во таа цена е засметана акциза од 22 денари и ДДВ од 17.1 денари. Доколку СДСМ го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ денеска цената на безоловниот бензин 98 ќе беше 88.1 денар“, це вели во партиското соопштение.

    Оттаму додаваат и дека иста е сликата и со дизел горивото, каде акцизата учествува со 15.5 денари во вкупната цена, а исто така ДДВ со 15.5  денари со што тој се продава за 102 денари, за разлика од сега доколку предлогот на ВМРО-ДПМНЕ беше прифатен, дизелот денеска ќе се продаваше за 82.4 денари. Или скоро 20 денари поевтино.

    „Буџетската импликација од 50% намалување на акцизата на годишно ниво е околу 50-тина милиони евра. Ова се пари од кои Ковачевски и СДСМ не сакаат да се откажат и по секоја цена сакаат да ги земат од џебот на граѓаните, за да имаат повеќе пари за крадење. Буџетската импликација врз буџетот за државата е незначителна, но затоа користа за граѓаните би била огромна. Дополнително ако се земе предвид дека намалувањето на цената на горивата ќе влијае на намалување на транспортните услуги, трошоците во земјоделието и индустријата. Намалувањето на цената на горивата ќе влијаеше на зголемена потрошувачка и повеќе пари и во економијата и кај граѓаните“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img