More

    Лани биле спречени 27.391 нелегални преминувања

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и шефот на кабинет Митко Бојмацалиев, вечерва во Демир Капија се сретнаа со полициските службеници од пунктот за борба со илегалната миграција и криумчарење мигранти во кој работат полициски службеници од повеќе од организациски единици во склоп на оперативната акција „Рефлекс“.

    -Во 2022 година, граничната полиција имаше зголемена откривачка активност од 31,2% при спречување на обидите за илегални преминувања. На границите со соседните земји спречени се 27.391 обиди за илегални преминувања. Јужната граница сѐ уште е клучна точка за влез на мигрантите и нивно натамошно движење, што се огледа и во бројот на спречени обиди на границата со Грција – 24.965, каде е забележано зголемување на обидите за 35,5% – рече министерот Спасовски.

    Најголем број од случаите, 73% се откриени од полициски службеници од Регионалниот центар „Југ“ чија ефикасност во делувањето се должи на заедничкото делување на мешани патроли со странските полициски службеници од 8 земји кои вршат засилен надзор на јужниот дел од државната граница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img