More

    Спасовски на терен заедно со полицијата: граничната полиција со зголемена откривачка активност од 31,2% при спречување на обидите за илегални преминувања

    spot_img

    Вечерва сум на терен во Демир Капија заедно со полицијата и дел од раководството на МВР на работна средба со полициските службеници од пунктот за борба со илегалната миграција и криумчарење мигранти во кој работат и делуваат полициски службеници од повеќе од организациски единици во склоп на оперативната акција „Рефлекс“ – со денешнава посета ја почнуваме серијата средби со полициските службеници на терен, каде што на лице место во работна атмосфера, директно на терен ќе имаме можност да посведочиме како се остваруваат задачите и плановите.
    За 2022 година, граничната полиција имаше зголемена откривачка активност од 31,2% при спречување на обидите за илегални преминувања. На границите со соседните земји спречени се 27.391 обиди за илегални преминувања. Јужната граница сеуште е клучна точка за влез на мигрантите и нивно натамошно движење, што се огледа и во бројот на спречени обиди на границата со Република Грција- 24.965, каде е забележано зголемување на обидите за 35,5%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img