More

    Шукова информира дека „Архиродон“ не ги обезбеди пари за градење

    spot_img

    Заклучно со 31 декември не пристигна одлука за продолжување на договорот за Чебрен. Министерството за животна средина ќе ја извести владата дека тендерот пропадна, информира ресорната министерка Каја Шукова.

    Според неа, компанијата не обезбеди средства од банките за да можат да градат. Банкарската гаранција од 1,4 милиони евра од „Архиродон“ нема да се активира.

    – Согласно регулативата и тендерските услови, немаме услови да ја активираме банкарската гаранција – рече Шукова.

    ППЦ „Архиродон“ на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“. Подоцна имаше забелешки на јавниот повик и до крајот на 2023 година требаше да одлучи дали ќе продолжи со проектот.

    Првично одлуката требаше да ја донесе до 14 декември, но Министерството за животна средина и просторно планирање го продолжи рокот до 31 декември 2023 година заради жалбената постапка која беше во тек.

    Владата на 14 септември на 185-тата седница донесе одлука со која се овозможи реализација на хидроцентралата Чебрен, со проценетата вредност на инвестицијата од околу 1 милијарда евра. Со одлуката е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала со инсталиран капацитет од најмалку 333 мегавати. Предвидено е Чебрен да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река е предвидено создавање на ново вештачко езеро. Времето за изградба е предвидено да трае 7 години.

    Идејата и проектирањето за големиот хидроенергетскиот проект Чебрен започнува со првите физибилити студии во 60-тите години од минатиот век. Досега имало 13 неуспешни тендери во период од последните 20 години, а последниот јавен повик, пред тековниот, е објавен во 2016 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img