Русија никогаш не планирала напади врз украинските објекти со опасни хемикалии и никогаш не ги нападна, изјави првиот заменик-претставник на Руската Федерација во Обединетите нации Дмитриј Полјански.
Советот за безбедност на ОН денеска расправа за инцидентите поврзани со токсични хемикалии во Украина, пренесуваат руските медиуми.
– Би сакале да повториме дека руските вооружени сили никогаш не планирале или извршиле напади врз ниту еден украински објект каде што биле складирани отровни материи – изјави Полјански во Њујорк.