Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинарите повторно ги повика македонските државјани кои се наоѓаат во Украина да се вратат во земјава.– Во однос на македонските државјани во Украина, тие треба да ја искористат можноста за постоење комерцијални летови и да се вратат во земјава. На територијата на Украина живеат околу 100 македонски државјани. Ние не сакаме да внесеме дополнителен страв за ситуацијата со Украина и постојано сме во координација со нашите партнери од НАТО и од ЕУ – истакна министерот.