More

    ЗНМ побара од МВР да спроведе брза и ефикасна истрага за денешниот напад врз снимателот Љубиша Игњатов

    spot_img

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага за денешниот напад врз снимателот Љубиша Игњатов од ТВ24 кој снимал тв-прилог пред куќа во скопско Пржино за која се верува дека е во сопственосто на Олександр Онишченко, украинскиот бизнисмен кој доби македонски пасош. Тие испратија соопштение до јавноста и медиумите. Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

    -„Денеска, за време на снимање на инсерти за видеоприлог за потребите на телевизијата, вербално, а потоа и физички биле нападнати од страна на едно лице.

    ЗНМ веднаш контактираше со снимателот на ТВ24 Љубиша Игнатов, и тој ни потврди за овој инцидент и ни даде конкретни информации дека: ,,Додека снимавме инсерти на ул. Пржино, куќа 28/б, во која според избирачки список живее Олександр Онишченко, сопственикот на куќата, извесен Миле, физички ме нападна откако упати пцости и погрдни зборови кон мене. Лицето замавнувајќи со лактот ме удри во пределот на главата и вратот “, изјави Игнатов.

    Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

    ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.

    ЗНМ веднаш контактираше и со Скопското јавно обвинителство со обвинителката Искра Хаџи Василева која е назначена за предмети поврзани со напади врз медиумски работници за понатамошно процесирање на случајот.

    ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал колегата снимател Игнатов и го спречил физички да ја изврши својата работа.

    Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО треба итно да ги истражат и процесираат, со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина“, се вели во апелот на ЗНМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img