More

    Жителите на Кравари со ваква порака го пречекуваат Петков

    spot_img

    Жителите на битолското село Кравари денеска во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков  истакнаа пораки со кои го искажуваат незадоволството од односите  меѓу двете земји и посебно негирањето на историјата од страна на бугарските политичари.

    „Гоце е Македонија“, „Крвави ви се рацете“, „Кога ќе признаете дека има Македонци во Бугарија?“, „Гробиштата се полни од бугарското пријателство“… се само дел од пораките.

    Протест за денеска во Битола најави и партијата Левица која реагира на  „отворањето на клуб под името на еден од промоторите на фашизмот, империјализмот и антимакедонските политики“.

    Синоќа протестираше и о пштинскиот Сојуз на борците од НОБ на Битола кој се противи на доаѓањето на премиерот на Бугарија по повод отворањето на културен центар „Иван Михајлов“. Од Сојузот на борците сметаат дека со тоа се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија милитаризмот и антимакедонските политики од Втората светска војна.

    Бугарскиот премиер  денеска во Битола ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“.

    Тој, како што е најавено ќе биде придружуван од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, ќе промовираат владини проекти на таа држава на кои ќе им претходи средба на Петков премиер со бугарски здруженија на граѓани во земјава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img