More

    Жестоки борби во Донбас, во Запорожје предложен „режим на тишина“

    spot_img

    Денеска е сто седумдесет и трети ден како се води војната во Украина. Во Донбас се бијат жестоки борби. На удар се Авдијевка, Бахмут, Пески, Маринка. Москва соопштува дека нејзините сили зазеле стратешки важни позиции во регионот на Доњецк. Истовремено, украинските сили објавија дека во битка загинал еден од најдобрите украински пилоти, Антон Листопад.

    Листопад се закитил со Орден за храброст само неколку недели пред смртта. Лани тој го предводеше летот на воздушна колона над Хрешчатка како дел од прославата на 30-годишнината од Украина.

     

    Тензиите продолжуваат во нуклеарната централа Запорожје. Владимир Рогов, член на главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје предложи „режим на тишина“ околу нуклеарката која, како што тврди е на удар на украинската армија. Според него за ова треба да зборуваа во ОН и во ЕУ, а не за разоружување на двете страни.

    – Тоа би ги отрезнило украинските националисти кои со гранатирање уценуваат и го ставаат целиот свет во ризик од нуклеарна катастрофа – рече Рогов.

    Нуклеарната централа Запорожје е под контрола на руските сили од март. Москва и Киев си ја префрлаат топката за тоа кој го гранатира објектот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека секој руски војник кој пука во објектот или пука користејќи го објектот како стрелачка позиција, ќе стане мета на агентите на разузнавањето и специјалните служби и војската.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img