More

    Жената која му пресуди на Легија си ја отвори душата

    spot_img

    Ната Мешаровиќ, некогашна претседателка на српскиот Врховен суд, како и Маја Ковачевиќ-Томиќ, некогашна портпаролка на Специјалниот суд за организиран криминал, конечно собраа храброст и проговорија за судскиот процес што се водеше за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ што се случи пред две децении.

    Мешаровиќ признава дека нема добри сеќавања, а истакна и дека во тоа време преку посредници добивала закани по нејзиниот и по животот на нејзиниот син. Ковачевиќ-Томиќ, пак, вели дека не добивала директни закани, но дека сепак постоеле некои случки кои од оваа гледна точка можат да се толкуваат како закани.

    Што се однесува на политичката позадина на убиството на премиерот, и едната и другата се согласуваат дека судот не можел да се занимава со нешто што не постои во обвинителниот акт.

    – Добивавме секакви закани. Припадниците на организираниот криминал не се закануваат директно, а тоа не го прават ниту оние кои се под нивна контрола. Еден ден, пред крајот на едно судење, кога требаше да потпишам пресуда, добив порака дека знаат каде сум, дека знаат каде се наоѓа мојата викендичка, каде живее мојот син, каков автомобил вози мојот син и каде го паркира возилото. Со тоа сакаа да ме заплашат и да ми порачаат да водам сметка за моите постапки. А сите тие пораки ги добивав преку посредници, никогаш директно – раскажува Мешаровиќ.

    Таа вели дека сите закани ги пријавувала во полиција и тврди дека сето тоа е забележано кај надлежните органи кои во тоа време ѝ овозможиле обезбедување.

    – И двајцата министри за внатрешни работи во тоа време беа многу коректни – се потсетува судијката.

    Запрашана за тоа дали била исплашена додека ја читала пресудата за Милорад Улемек-Легија, кој на својата маица имал испринтано амблем со волк, таа објаснила дека такво нешто се случило на претресот кога се давале завршните зборови.

    – Второобвинетиот Улемек на почетокот на претресот беше најнормално облечен, но по паузата тој се врати во судница облечен во маица со апликација на волк. Не беше воопшто пријатно. Беше вознемирувачко. Ме фаќаше страв секогаш кога ќе го погледнев, бидејќи неговите навежбани мускули на градите создаваа слика како да се отвора устата на волкот. Го запрашав дали сака нешто да каже преку апликацијата на својата маица, а исто така му реков дека не се плашам – раскажува Мешаровиќ.

    Маја Ковачевиќ-Томиќ повторува дека не добивала директни закани.

    – Секако дека имаше случки кои практично претставуваат закани. Имав полициско обезбедување и полицајците дојдоа кај мене дома за да ме земат со автомобил и да ме одвезат. Додека чекале да излезам од зградата, пред полициското возило застанало друго возило со темни стакла и без регистарски ознаки, а низ половично отворениот прозорец некој им рекол на полицајците дека никој не може да ми помогне – се потсетува таа.

    Инаку, годинава навршуваат 20 години од убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, а вчера пристигна и информација дека поранешниот член на Земунскиот клан, Душан Крсмановиќ, еден од обвинетите за убиството, излегува на слобода по 20 години поминати в затвор.

    Крсмановиќ е уапсен во акцијата „Сабја“, со првостепената пресуда беше осуден на 30 години затвор, но со одлука на Апелациониот суд казната му беше намалена на 20 години.

    Тој во 2008 година ја призна вината во жалба во која бараше помала казна, а пред него беа ослободени поранешните припадници на Единицата за специјални операции Саша Пејаковиќ и Жељко Тојага.

    Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година во дворот на зградата на Владата на Србија, а за неговото убиство офицерот на Единицата за специјални операции (ЕСО) на Одделот за државна безбедност, Ѕвездан Јовановиќ и командантот на ЈСО, Милорад Улемек-Легија, беа осудени на 40 години затвор за организирање на атентатот.

    Легија на суд во сив затворски костим

    Милорад Улемек-Легија денеска сведочеше пред Специјалниот суд во постапката за убиството на новинарот Славко Ќурувија.

    Тој беше донесен во судница во сив затворски костим.

    Легија издржува максимална казна од 40 години затвор во посебен дел на Забела.

    Српските медиуми објавија дел од дијалогот што се водел во судницата:

    Судијата: Знаете ли нешто за убиството?

    Улемек: Немам што да додадам или да одземам од она што го сведочев минатиот пат, немам што да додадам. Немам директни информации за убиството на Славко Ќурувија.

    Судијата: Стоите на тоа?

    Легија: Немам што да додадам или да одземам, како што кажав.

    Судија: Дали се сретнавте вие ​​и Радомир Марковиќ, дали ви предложи да ликвидирате лице кое ја загрозува државната безбедност?

    Улемек: Сето ова веќе го кажав, не ја гледам целта на ова испрашување.

    Судија: Дали од него дознавте дека „оние од Радоње кои веќе ја убиле Ќурувија“ биле ангажирани како навигатори на акција за апсење?

    Улемек: Останувам на сѐ што кажав на последното судење.

    Обвинителот: Дали постојат околности дека неговата и безбедноста на неговото семејство се загрозени?

    Судија: Дали ви биле упатени закани и дали влијаеле на вашите одговори?

    Легија: Не, не влијаеја. Тие беа пред моето сведочење во 2016 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img