More

    Земјотрес во Иран, најмалку три лица загинаа, над 800 се повредени

    spot_img

    Најмалку три лица загинаа, а 816 се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што синоќа го погоди северозападен Иран, недалеку од границата со Турција, јавија иранските државни медиуми, повикувајќи се на официјални извори.

    Според податоците на Сеизмолошкиот центар на Универзитетот во Техеран, земјотресот го погоди градот Хоџ во иранската провинција Западен Азербејџан во 21:44 часот по локално време.

    „Според досегашните податоци, три лица загинаа во земјотресот, а 816 од нив се повредени“, изјави гувернерот на провинцијата Западен Азербејџан, Мохамед Садег Мотамедијан.

    Чести се земјотресите во Иран, кој се наоѓа на сеизмичка зона и на спој на тектонски плочи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img