More

    Јован Деспотовски бара итно да се анализира поразот на СДСМ

    spot_img

    „СДСМ доживува навистина тешки моменти. Нашите членови, симпатизери и поддржувачи се и тажни, исплашени, но веројатно дел и гневни поради загубената доверба и изневерената надеж. Ќе биде многу тешко да се обнови и довербата кон членовите, а потоа и кон сите граѓани”.

    Ова за Плусинфо го изјави Јован Деспотовски од СДСМ. Во некои медиуми неговото име се спомнува како можен нов претседател на партијата која претрпе катастрофален пораз на изборите.

    „Силен СДСМ им е потребен на сите, а патот до силен СДСМ ќе биде долг. Одговорноста е само прв чекор на тој пат. По ваков резултат, навистина е луксуз воопшто и да се зборува дали и каде лежи таквата одговорност. Врвот на партијата, носителите се мои партиски другари и навистина очекувам да се соочат со реалноста и да дадат свој придонес за повторното раѓање на силен СДСМ. Притоа, да бидам јасен, ваквиот придонес го гледам исклучиво во еден достоинствен внатрешен процес, во кој наместо да зборуваме каде е одговорноста, уште веднаш да преминеме на причините за падот, а потоа за зборуваме и за начини, концепти, за одговори што ги должиме и на членовите и на сите граѓани” – вели Деспотовски.

    Овој процес, вклучително и организација на партиски Конгрес, како и избор на нов претседател, според него, треба да следи многу побрзо од роковите предвидени со Статутот на Партијата (60 дена од спроведени избори).

    „Во моментот, највисок приоритет треба да биде токму анализата за причините, барањето на вистинските одговори и концепт што ќе нè носи на патот кон повторно силен, реформиран СДСМ. Патот ќе биде навистина тежок, но и досега сум кажал и покажал дека не се плашам од предизвици. Овие неколу денови добивам бројни повици и пораки од пријатели, членови на СДСМ, но и луѓе што не се определени, а кои ме охрабруваат да влезам во ваков предизвик. Искрено им благодарам, но ќе кажам дека сега е навистина прерано да се зборува за тоа. Сега, најмалку е важно дали јас или некој друг ќе биде идниот претседател на СДСМ. Многу е поважно да се соочиме со реалноста, да бидеме јасни каде згрешивме и, најважно, како ќе чекориме натаму. На кои принципи ќе работи СДСМ во иднина и за какви вредности ќе се залагаме и, безусловно, ќе ги браниме и спроведуваме. Изборот на претседател на СДСМ доаѓа и ќе биде само првиот чекор кон нашата заедничка цел” – вели Деспотовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img