More

    Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер во близина на Молука во Индонезија

    spot_img

    Земјотрес со јачина од 7,1 степени е регистриран на истокот на Индонезија, во близина на Молуките, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), наведувајќи дека епицентарот бил далеку од брегот и дека не е активирано предупредување за цунами.

    Прво, јачината на земјотресот беше регистрирана како 6,9 степени, а потоа американскиот институт ја зголеми на 7,1.

    Засега нема извештаи за штети или информации за жртви.

    Земјотресот се случи во 11:53 часот по локално време (5:53 часот по средноевропско време) на длабочина од 10 километри, на околу 345 километри од островот Амбон, а не е издадено предупредување за цунами, соопшти американскиот институт.

    Земјотресот е почувствуван во градот Саумлаки, на островите Танимбар, а во помала мера и на островот Амбон, главниот град на Молуките, објави Индонезиската геофизичка агенција.

    „Земјотресот беше доста силен, но луѓето овде не фатија паника. Навикнати сме на земјотреси. Посебно кога немаше предупредување за цунами, животот се нормализираше“, вели жител на Саумлаки.

    Сеизмичките и вулканските појави се чести во Индонезија поради нејзината локација на „огнениот појас“ во Пацификот, каде се судираат тектонските плочи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img