More

    Земјите од Г7 муабетеле, но треба согласност од цела ЕУ

    spot_img

    Европската унија и земјите од Г7 зборувале за можно ограничување на цената на руската нафта во опсег од 65 до 70 долари за барел, пишува Блумберг повикувајќи се на анонимни извори. Како одговор на ова, неколку европски дипломати рекоа дека предложеното ниво на цени е превисоко. За одлуката ќе биде потребна согласноста од сите земји-членки на ЕУ.

    Министрите за финансии на земјите од Г7 ( Велика Британија , Германија , Италија , Канада , САД , Франција и Јапонија ) во септември годинава ја потврдија својата намера да воведат ценовни ограничувања на руската нафта како дел од проширувањето на санкциите. Планирано е „капакот“ да се воведе на 5 декември за нафтата и на 5 февруари 2023 година за нафтените деривати.

    Рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи ја оваа иницијатива, изјави дека Русија нема да испорачува ништо во странство доколку тоа е спротивно на нејзините сопствени интереси.

    Заменик-премиер на Русија, Александар Новак, пак, посочи дека Москва нема да извезува нафта во земји кои ќе постават плафон на цената, ниту на 60 долари за барел, ниту по која било друга цена.

    Тој додаде дека ваквите ограничувања значат мешање во пазарните инструменти. Според него, Русија ќе работи само со оние потрошувачи кои се подготвени да работат според пазарните услови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img