More

    Земјава има коефициент од 9,61 смртни случаи на 1.000 жители годишно

    spot_img

    Земјава има коефициент од 9,61 смртни случаи на 1.000 жители годишно. Kоефициентoт, според методологијата на анализата, се пресметува како просечен годишен број на смртни случаи на 1.000 жители на средината на годината.

    Според листата на ЦИА, убедливо на прво место во светот по стапка на смртност е Србија со коефициент 16,39. Во првите десет места, покрај Србија, се и Романија, Литванија, Летонија, Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска.

    Од земјите од поранешните југословенски простори Хрватска е на 10 место, Словенија е 28, Црна Гора 30, а Босна и Херцеговина е 32.

    Во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, лани починале 28.516 луѓе. Најчеста причина за смрт биле болестите на циркулаторниот систем (35.9 отсто), компликации од ковид-19 (20.6 отсто), неоплазмите (13.8 отсто), ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (5.8 отсто) и болестите на респираторниот систем (4.2 отсто).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img