More

    Земјата се обидува да ги оствари поставените климатски цели

    spot_img

    Ирска планира да убие околу 200.000 говеда во следните три години со цел да ги постигне климатските цели и да го ублажи глобалното затоплување, се наведува во интерното писмо на Министерството за земјоделство.

    – Планирани се дискусии меѓу производителите на млеко и владините претставници. Владата ќе мора да покаже одлучност и да претстави буџет за финансирање на таква програма, која може да биде само доброволна – изјави за ДПА Пат Мекормак, претседателот на Ирското здружение на добавувачи на свежо млеко.

    Владата ќе им понуди на земјоделците доброволни, финансиски атрактивни опции, изјави за ДПА портпаролката на Министерството за земјоделство.

    Националната агенција за животна средина неодамна објави дека Ирска, најверојатно, значително ќе потфрли во однос на поставените цели за справување со климатските промени.

    Само земјоделскиот сектор ќе мора да ги намали емисиите за четири до 20 проценти до крајот на деценијата. Ирска планира да ги намали емисиите за 30 отсто во споредба со нивото од 2005 година, забележува ДПА.

    Информациите предизвикаа реакции од активистите за правата на животните, кои веруваат дека мора да има решение кое не вклучува убивање на илјадници животни. Некои предложија едноставно намалување на репродукцијата и со тоа природно намалување на бројките на добитокот.

    Се смета дека метанот, гас што го ослободува добитокот при варењето на храната, е еден од главните предизвикувачио на ефектот на стаклена градина и придонесува со околу 25 отсто кон глобалното затоплување. Од целиот метан што се емитува во атмосферата, околу 40 проценти потекнува од сточарските фарми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img