More

    Зеленски-Силите на Киев повторно зазеле неколку места во североисточниот регион Харков

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во средата дека силите на Киев повторно зазеле неколку места во североисточниот регион Харков во Украина од руските војници, без да даде детали.

    „Оваа недела имаме добри вести од регионот Харков“, рече Зеленски во редовното вечерно обраќање емитувано на социјалните мрежи. Одбивајќи да ги именува, тој зборуваше за „локалитети каде се врати украинското знаме“.

    Во последниве денови, набљудувачите објавија наводен пробив на украинските сили во регионот Харков, и оваа информација не може да биде независно проверена.

    Од минатата недела Украина спроведува контраофанзива на југот на нејзината територија, за која исто така тврди дека постигнува успех, додека Москва вели дека му нанесува големи загуби на својот противник.

    Областа на Харков беше делумно окупирана од руската армија. Истоимениот град, втор по големина во Украина, редовно е цел на смртоносни бомбардирања, но руските сили никогаш не успеале да го освојат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img