More

    Зеленски реагираше на убивањето 23 цивили во Запорожје на денот на анексијата

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на Телеграм излезе со експресна реакција по денешниот масакр врз цивили во близина на градот Запорожје.

    Украина претходно излезе со тврдењето дека руските сили истрелале ракети врз хуманитарен конвој што требало да се движи кон окупираните територии со цел да евакуира цивили и да достави помош, а проруските сепаратисти тврдат дека за нападот е одговорна украинската армија.

    Во нападот загинаа најмалку 23 цивили, а околу 30 се ранети.

    „Терористичката држава истрела ракети врз цивилното население во Запорожје, Миколаив и Днепропетровск. Ги напаѓа украинските региони со ракети и беспилотни летала”, соопшти  Зеленски.

    „Окупаторите во едно утро истрелаа 16 ракети врз регионот на Запорожје. Тоа го можат само терористите за кои нема место во цивилизираниот свет. Непријателот е бесен и бара одмазда за нашата упорност и сопствените грешки”, се наведува во соопштението на Зеленски.

    „Цинично ги уништува мирните Украинци затоа што одамна изгуби се што е човечко. Крвожедни ѓубриња. Дефинитивно ќе одговора за секој изгубен украински живот”, заклучи Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img